Северина Вучковиќ деновиве е во жалост поради одлуката на судот за одземање на синот Александар и предавање на чување кај таткото Милан Поповиќ за што доби многу поддршка на социјалните мрежи под хаштагот #ijasammajka. Севе во тоа расположение ја изведе својата верзија на песната „Успаванка за дечака“. И се е добро, само што хрватската дива не го прашала за дозвола авторот на оригиналот Ѓорѓе Балашевиќ.

А тој Ѓоле, како што веројатно само тој знае брзо потоа и одговори преку ФБ профилот на неговата ќерка Беба.

“Не знам дали во хороскопот постои Година на крадецот. Сретнав секакви уметници кои сакаа да земат парче од талентот. И додека сега пишувам сигурно има сезонци кои без прашање изведуваат мои песни, но ме вади тоа што публиката со половина мака го препознава вистинскиот од овие новиве “кинески” Балашевиќи”, рече 64. годишниот кантавтор.

Ѓорѓе Балашевиќ кој потенцира дека основната нумера има премногу лично, премногу емоции, во ниту еден момент не ја спомна Северина, но како го погоди тајмингот, а и темата, јасно е дека станува збор за неа.

 

SHARE