Колумнист на норвешкиот „Дагбладет“ со спортски жаргон ја опишува дилемата пред која е Европска унија во однос на аспирациите на земјите од Западен Балкан да се приклучат на Унијата.

„Бaлканските земји се во напад, ЕУ е во одбрана, а Русија и Кина играат крило“, пишува коментаторот и го поставува прашањето дали ЕУ е подготвена да прими држави како Србија и Косово, во кои владее национализам, како Косово, каде владее корупција, или целосно дисфункционална творба каква што е денес Босна и Херцеговина.

Потсетувајќи на зборовите на еврокомесарот Јоханес Хан дека Брисел треба да избира дали да „извезува стабилност или да увезе нестабилност“, авторот песимистичен и вели дека и во двата случаи добивате исто: „Ако го вклучите Балканот во ЕУ, увезувате култура на национализам, корупција и неизвесност што тие земји ја носат…“

Во коментарот се вели дека ниту една од земјите не е блиску до исполнување на критериумите за членство, како и при приемот на Бугарија и Романија, кога се велеше дека тие брзо ќе поминат низ неопходните економски и политички реформи.

„Постои сериозен сомнеж за тоа колку сериозно го направиле тоа, а истото важи и за Унгарија и за Полска“, вели авторот, додавајќи дека двете земји со последните потези гие нарушуваат основните европски вредности.

Авторот прашува дали Србија, која пред само 20 години беше под националистичко раководство на Слободан Милошевиќ, е созреана за ЕУ. Дали ќе профункционира поделената земја Босна и Херцеговина, ќе бидат во можност да стане функционална држава. Дали Косово, кое дури и не го признаваат сите земји-членки на ЕУ, ќе го третира српското малцинство ?

Проблемите и прашањата се многубројни, пишува авторот:

„Русија со векови е балкански играч, исто како и Турција, и може да се обиде преку Балканот да ја дестабилизира ЕУ…

„Многу е веројатно ЕУ да стави сè на маса и да не дозволи балканските земји да станат членки, дури и во 2025 година или во блиска иднина“, заклучува колумнистот на „Дагбладет“.