Бандата Пинк Пантер повторно ограбува

Loading...

Француската полиција верува дека бандата Пинк Пантер стои зад викенд грабежот во Музејот на религијата во Лион од каде е украдена круната на Богородица која се проценува на најмалку еден милион евра. Добро обучени криминалци за кои, постојат сомневања, дека главно потекнуваат од балканскиот простор, брзо и ефикасно го онеспособиле безбедносниот систем и ја однесле круната на која има 1.791 драги камења и бисери.

Кустосите од музејот пријавиле дека од пообемната колекција од 19. век недостасуваат само уште два предмета, пехар и прстен, и се убедени дека на криминалците им помагале стручни лица бидејќи Пинк Пантерите не зеле ништо повеќе од највредните три работи, кои според нив, на црниот пазар ќе им донесат неколкукратно повеќе од проценетата вредност.