Loading...

 

Граѓани на Солун денеска протестираа пред Градското собрание поради неодамнешната изјава на  градоначалникот, Јанис Бутарис, кој побара промена на името „Македонија“.

Демонстрантите со грчки знамиња извикуваа: „Македонија е грчка“, барајќи оставка на градоначалникот на Солун.

Според организаторот, Христос Анастасиу, демонстрантите утре ќе поднесат барање во општинскиот совет во Солун и официјално ќе побараат негова оставка.

Полициски сили ги спречиле демонстрантите да влезат во Градското собрание.