Бартол: НАТО го враќа фокусот во регионот

Морнаричкиот капетан Горазд Бартолшефот кој е шеф Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија денеска порача дела НАТО го враќа регионот на Западниот Балкан во фокусот и дека е посветен на развој на сите аспекти на соработка и поддршка на земјите од регионот.

Бартол на средбата на новата македонска министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и порачал дека земјите-членки на НАТО очекуваат Македонија да ги увери дека е на реформски пат.

Домаќинката на Бартол на својот гостинн му ги пренесла државните позиции според кои Република Македонија е посветена на вистинско партнерство со НАТО, а зачленувањето во Алијансата е еден од клучните стратегиски приоритети.
– Нашата намера е да гледаме напред, и да преземаме чекори кон полноправно членство, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната средба со

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, посочила дека по Самитот на НАТО во 2008 година, политичката порака испратена до Македонија не беше добра,  а потоа следеше и забавување во реформските процеси, но и дека Владата на Република Македонија развива амбициозни програми за внатрешни реформи.

„За нас постојат три клучни елементи-реформските процеси во Армијата, поставени реално и со реални временски рокови, модернизацијата на Армијата, за што очекуваме и поддршка за овој процес од ваша страна и внатрешна реформа во однос на персоналот, кој за нас е важно да покаже професионалност и да се ослободи од политика“, изјавила Шекеринска.

Според Шекеринска нема никакви дилеми дека Македонија има капацитет за промена и дека има способност да се врати на вистинскиот пат.

 

SHARE