На далеку прочуената Бања Косоврасти во селото Долно Косоврасти се наоѓа во подножјето на планината Крчин, непосредно покрај реката Радика во близина на Дебар. Изворот е со капацитет од околу 60 литри во секунда.

Температурата на водата е 48 степени и се одликува како сулфурно-сулфидна со извесени дозволен степен на радиоактивност и присуство на сулфурни бактерии и алги погодни за лечење и за научни цели. Со ваквите карактеристики водата има димензии на жив лек и затоа се користи за лечење на зголемен крвен притисок, ревматични заболување, дијабетис, кожни заболувања, воспаление на дишните органи и други.

Главниот хотел во Бања Косоврасти, “Термал” е современ ресорт со 75 модерни соби, сите со поглед кон Дебарското Езеро. Прекрасна природа, високи планини, кањонот на реката Радика, Дебарското Езеро и пешачките патеки се погодното место за релаксирачки прошетки, но постојат опции и понуда и за оние што бараат авантури и предизвици. Водата е богата со здравје, а со векови се докажува дека е единствено решение за лекување на разни болести.


Бања Косоврасти има професионален лекарски тим кој ги применува старите природни фактори како и најсовремените достигнувања во медицината. Резултатите внимателно се следат и се споредуваат со планираните.

Персоналот во хотелот Термал особено внимание посветува на мотивирање на клиентите за активно учество во реализација на сите планирани активности и за ефективен третман за време на престојот.