Бебешки плач ќе се слуша во домот на српскиот претседател

 

 

Веста дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ стана татко по третпат е причината за прекин на посетата во странство на најполуларниот српски политичар кој стана татко на нацијата со над 55 % од гласовите на српските граѓани пред два месеци.

Оваа вест тој со јавноста ја споделил од Казахстан каде се наоѓа во официјална посета. Поради компликации бебето се родило 15 дена порано но нема сериозни здравствени проблеми.

„Вечерва првпат ќе морам да ги прекинам државничките обврски и тоа со насмевка на лицето, бидејќи Тамара и јас пред неколку минути добивме син“, напишал синоќа Вучиќ на својот профила на Твитер.