На 11 јуни 1962 година Френк Морис и браќата Англин – сите ограбувачи на банки – успеале да избегаат од најбезбедниот американски затвор Алкатраз. Тие, додека бегаа, на своите затворски постели оставија рачно направени репллики од нивните глави за да ги измамат чуварите.

Шест години подоцна беше снимен филм со едноставен наслов „Бегство од Алкатраз“, според тој настан кој стана вистински хит.

Но, ФБИ, наводно, одново отворило истрага за бегството на тројца затвореници од затворот Алкатраз во 1962 година, врз основа на едно на рака напишано писмо.

Федералното биро, наводно, одново го отвора случајот 56 години по бегството, кое, наводно било причина и за затворање на овој дотогаш најбезбеден затвор во САД, кој се наоѓа на тешко пристапен остров во близина на Сан Франциско, за што во 1979 година беше снимен и култниот филм „Бегство од Алкатраз“ со Клинт Иствуд во главната улога.

Браќата Џон и Кларенс Англин, заедно со Френк Морис, преку тунел од затворот Алкатраз, наводно, успеале да избегаат пред 56 години, а потоа да допливаат до Сан Франциско. Тие никогаш не биле пронајдени, но иако се верувало дека се удавиле, не биле пронајдени ни нивните тела.

Меѓутоа, деновиве беше објавено дека во 2013 година до ФБИ стигнало писмо според кое еден од бегалците, Џон Англин, можеби сè уште е жив.

The Alcatraz Island is seen in San Francisco Bay in San Francisco, California, U.S., October 5, 2017. REUTERS/Stephen Lam – RC1B5B4BE6E0

„Се викам Џон Англин. Избегав од Алкастраз во јуни 1962 година со мојот брат Кларенс и заедно со Френк Морис. Сега имам 83 години и сум во лоша состојба, имам рак. Да, успеавме таа ноќ, но со тешкотии!“, било напишано во пораката до ФБИ.

Во писмото уште се додава дека Кларенс Анлин починал во 2011 година, а Френк Морис три години претходно во 2008 година.

Доколку пораката е веродостојна, Џон Англин, роден во 1930 година, во време на пишувањето на писмото би требало да има 83 години и, како и другите двајца, успеал да ја избегне казната и половина век да живее на слобода, пишува „Дејли мејл“.