Без коментар

Наместо покрај „Жена парк“ и постојката спроти Културно-информативниот центар и старата „Градска болница“, автобусите со број „50“, од 17 февруари поминуваа низ подрумот на Градскиот трговски центар.

Од тие причини, на една од најоптоварените линии на автобусите на ЈСП, од населбата Хиподром до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, не можеа да сообраќаат двокатни автобуси.

„Ја враќаме оваа линија на местото каде што традиционално припаѓа. Го враќаме стариот дух на градскиот трговски центар со намера да го заживееме онаков како што го знаеме од времето кога Скопје беше полно со радост“, изјави тогаш градоначалникот Петре Шилегов.

Стариот дух на ГТЦ ќе треба да почека да завршат градежните работи…