„Без сеќавања, нема иднина“, вели претседателката на Еврејската заедница во Македонија

„Посетата на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, за нас, членовите на еврејската заедница во Република Македонија, но и за граѓаните на Република Македонија, е особено и значаен настан. Многу е важно, дека во последно време во Република Бугарија с’е почесто се зборува не само за спасувањето на Евреите, но и за депортацијата на Евреите од овие земји“, вели Берта Романо – Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Македонија за БГНЕС.

Во изјавата за бугарската агенција во пресрет на денешната посета на премиерот Бојко Борисов на комеморација на 75 годишнината од депортацијата на македоснките Евреи таа вели дека Холокаустот е важен не само за предците, туку најмногу за наследниците и за наследниците на сите народи на оваа планета, бидејќи ако не можеме целосно да го искорениме злото, тогаш барем да може уште во зародиш да биде откриено.

„Sin memoria,no ay avenir – Без сеќавања, нема иднина – Така велиме ние на нашиот хебрејско-шпански јазик – Ладино“, вели Романо според која  комеморацијата по повод 75- годишнината од депортацијата е можност да се биде заедно.