Ги понижува ли Бекир Асани МВР и Оливер Спасовски (ВИДЕО)

Пет дена откако ја нападна полицајката која што сакаше да му го крене џипот со специјално возило „пајак“ функционерот на ДУИ Бекир Асани продолжува да не го почитува законот.

Според Телевизијата Сител, Асани и денеска во центарот на Скопје пред стоковната куќа Мавровка спроти НУБ Климент Охридски го паркирал своето возило Лендровер иако недалеку од него беше паркирано полициско возило.

Доколку е така Асани најдиректно ги провоцира полициските службеници и министерот Оливер Спасовски кои се уште не кажуваат дали Асани платил за погрешно паркирање кога полицајката Јаначковска се обиде да му го крене возилото во четвртокот.

Јавното обвинителство се уште ги разгледува видео снимките од мониторинг систем на град Скопје на кои се гледа дали Асани ја нападнал Јаначковска само вербално или имало и физички конктакт како што тврдат дел од очевидците кои ги цитираше „24 Вести“.

Полицајката Јасмина Јаначковска денеска во ЈО даваше изјава во врска со инцидентот но пред новинарите не сакаше да дава изјава за конфликтот со Асани.

Јавноста се уште бара одговор како е можно функционерот на ДУИ кој има неколку инцидденти во неговото досие да помине само со прекршочна казна иако и според Хелсиншкиот комитет тој морал да добие кривична пријава.

SHARE