Бекир Асани ги разбира македонските новинари но не и “нашето копиле” Насер Селмани

Loading...

Навреди и јасни закани од страна на високиот функционер на ДУИ Бекир Асани кон претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Во интервјуто за порталот Мактел Асани вели дека ги разбира македонските новинари кои што го критикуваа за инцидентот со полицајката Јаначковска но не и “нашето копиле” како што го нарече Насер Селмани.

Асани интервјуто го дава на албански јазик со преведувач кој во моментот кога Асани вели копиле се смее.

За Асани, Селмани бил човек без вредности и затоа не сакал да го сретне ни на улица.

Објаснувајчи го инцидентот во кој го нападна новинарот Лирим Дулови во 2006 година, Асани вели дека случајно му удрил шамар во метежот во Совранието а ни тој не бил свесен како тоа се случило.

Селмани е именуван како копиле по 14 минута од видеото.