Белата куќа го прослави Денот на независноста на Грција!?

Loading...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја „обои“ Белата куќа во сино и бело за да го одбележи Денот на независноста на Грција, 25 март.

Во своето обраќање на свеченоста, синоќа, Трамп ја пофали Грција како основа за западната култура и цивилизација и рече дека основачите на САД се инспирирале од историјата на грчките градски држави кога го изготвувале Уставот на САД.

“Ние сме заедно за слобода и правда и демократија денес и за сите времиња“, рекол Трамп.

На настанот присуствувал и Архиепископот Деметриј Американски, роден во Солун, кој ја пофали оваа традиција, која започна во 1986 година и ги изрази своите желби да продолжи во иднина.

Во своето обраќање Архиепископот, ги повика САД да поддржат голем број прашања од значење за грчката американска заедница, вклучувајќи го и заплачениот спор околу името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија и тековното кипарско прашање.

Прославата вклучуваше и настапи од група млади танчери во традиционален грчки костим и бузуки бенд.

1 Коментар

Comments are closed.