Loading...

На парламентарните избори што ќе се одржат в недела во Италија, европскиот политичар кој е вмешан во повеќето скандали, Силвио Берлускони, ќе се обиде да се врати во премиерската фотелја по – петти пат.

Анкетите беа забранети во последните две недели од изборната кампања, но медиуми пишуваат дека Берлускони е во водство со околу отсто поддршка кај електоратот, далеку пред политичките опоненти кои имаат поддршка помала од 30 отсто.

Овие бројки се доказ за импресивната издршливост на 81-годишниот Берлускони откако во 2013 беше осуден за затајување данок и мораше да се повлече.

Во меѓувреме тој беше подложен и на операција на отворено срце…

Берлускони се враќа со нереални ветувања за намалување на даноците и депортирање на 600.000 имигранти.

„Јас сум како добро вино, се подобрувам со текот на годините и сега сум совршен“, изјави италијанскиот тајкун и сопственик на ФК „Милан“ кој влезе во деветтата деценија од животот.