Беса Арифи: ДУИ, АА и Беса виновни за законот за јазици

Loading...

Беса Арифи вели дека наместо да се концентрираат на Орхидскиот договор, албанските партии ветуваат неприменливи концепти

Во интервју за Алмакос, професорката на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Беса Арифи, критикувајќи ја дебатата за законот за јазиците вината ја наоѓа во албанските политички партии.

– Наместо да се посветат на строго спроведување на Охридскиот договор, тие ветуваат концепти кои се неприменливи. Албанските партии тртеба да се борат за да се подобри квалитетот на застапеноста на Албанците во јавната администрација, а не само се фокусираат на зголемување на нивниот процент во администрацијата, вели Арифи.

Таа е загрижена за ниското ниво на високо образование на албански јазик, што според неа укажува дека учениците Албанци се борат само за да добијат диплома, но не и знаења кои ќе бидат корисни за себе и општеството.