БЕСА избра нов лидер

Loading...

Африм Гаши е новиот лидер на Движењето „БЕСА“. Тој беше избран на денешниот конгрес што се одржа во Тетово.

Од вкупно 575 делегати за Гаши гласале 522 делегати, 12 биле против и осум воздржани.

Гаши изјави дека БЕСА отсега ќе биде партија не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права коишто им следуваат , пренесе ТВ21.

За досегашниот претседател Биљал Касами, новиот лидер рече дека „нивните патишта се веќе одвоени и оти без разлика на тоа каква одлука ќе донесе судот, борбата за барање на правдата, ќе продолжи до крај“, пишува ТВ21.