Бејли го урна митот за апсолутна и безусловна поддршка на САД за СДСМ и ДУИ

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли вчера на факултетот за безбедност го урна митот дека СДСМ и ДУИ и нивните лидери Заев и Ахмети уживаат апсолутна и безусловна поддршка од САД.

Критиките на амбасадорот најдиректно беа насочени кон членовите на државната изборна комисија кои си доделиле по десетинна илајди евра за изборите лани и годинава, но многу поважна порака Бејли испрати до премиерот Заев и Ахмети и нивните партии кои што имаат свои претставници во Државната изборна комисија.

Најголемиот удар на Бејли беше упатен кон Заев и СДСМ кои барем според најавите требаше да ја запрат практиката на неодговорно, нетранспарентно дури и безобразно трошење на парите од граѓаните, за кои со години ги критикуваа инсtитуциите во владата на ВМРО – ДПМНЕ.

Доколку тезата за апсолутна поддршка на САД за СДСМ и ДУИ беше точна тогаш амбасадорот Бејли своите информации за илјадниците евра кои што ДИК ги додели на своите членови можеше да ги пренесе на премиерот Заев или на Али Ахмети по што тие ќе ги спречеа членовите на СДСМ и ДУИ да земат екстра плати за својата работа и да ги стават своите партии во срамна позиција.

Со пласирање на информацијата пред целата јавност Бејли пред се ги посрамоти членовите на СДСМ во ДИК кои што, по скандалот со директорот на Агенцијата за туризам кој со карта од 4000 долари замина на патување во Аргентина, предизвикаа ново сериозно нарушување на имиџот на владеачката партија.

Срамот е голем и за членовите од опозицијата во ДИК но дел од нив од порано и беа познати на јавноста како неодговорни трошаџии на државни пари. Пред се по аферата со огромните суми кои што ги земаа за патни трошоци како пратеници во Собранието.

Со вчерашнниот настап, Бејли можеби најавува дека помина времето кога САД имаше речиси отворена поддршка за СДСМ а јавно и прилично оштро го критикуваше ВМРО – ДПМНЕ во секоја можна прилика.

Реакцијата на американскиот дипломат се случува по изминување на 6 месеци од мандатот на владата на Заев а во пресрет на изборот на нов лидер на ВМРО – ДПМНЕ и очекуваните реформи во партијата. Во период кога е логично САД и нивното дипломатско претставништво во рамки на своите можности да помогнат да се создадат услови за фер меѓупартиска битка во која што ќе нема „заштитени партии и лидери“ туку дека секој ќе биде на мета на јавноста (и дипломатите) кога ќе работи против интересите на граѓаните и евроатланските процеси.

Неодговорно и нетранспаренто трошење на пари од буџетот на РМ кои што и во случајот со ДИК доаѓаат од Министерството за финансии под контрола на кадар на СДСМ е една од работите кои што не се директно се наведени во извештаите на Прибе и ЕК но се подразбираат како дел од новоочекуваните позитивни трендови во македонската политика.

фото: ТВ Нова

Оставете коментар