Бигорскиот Манастир Свети Јован Крстител е едно од најубавите светилишта во западна Македонија. Се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар по течението на реката Радика. Овој манастир бил основан од страна на монахот Јован во 1020. година, а во 16. век бил разрушен од отоманската власт, по што останала само една мала цркава. Во 1743 повторно бил обновен од страна на Иларион кој бил првиот игумен во Бигорскиот манастир.

Монашкиот живот во манастирот е обновен во 1995. година, а духовниот живот во манастирот се темели на строго почитување на манастирскиот кодекс, а манастирското манаштво од ден на ден, се повеќе се зголемува. Главен празник на манастирот е Отсекување на главата на Свети Јован Крстител кој се слави на 11. септември.

Манастирот е познат и  прекрасната природа, бигорските карпи врз кои е изграден, од што манастирот и го добил своето име. Чудотворна икона на Св. Јован Крстител е резбарско ремек дело и е изработена од познатите мијачки мајстори.

Бигорскиот манастир е еден од центрите за обнова на православието во Македонија.