Loading...

Најуспешната екипа во досегашниот дел од женската Лига на Европските шампиони в петок од 19 часот ќе го има 11 натпревар сезонава и петти во составот Б од главната групна фаза. Во мислете на главните играчи на ЖРК Вардар е новиот противник германскиот Битигхајм кој треба да послужи за рестартирање по првиот и единствен пораз во сезоната забележан кај Мец минатиот викенд.

„Поразот од Мец дојде во вистинско време за да не летаме, туку да се разбудиме пред клучните битки. Мое мислење е дека Мец одигра идентично на двата натпревари со нас, но ние многу грешевме, не бевме на посакуваното ниво и затоа загубивме. Мораме да ја вратиме позитивната енергија против Битигхајм, противникот ќе сака да приреди изненадување, но ние нема да им дозволиме такво нешто“ рече денеска на прес Јованка Радиќевиќ.

Ако ЖРК Вардар слави утре во Скопје против Битигхајм ќе се приближи до првото место и најповолната позиција за четвртфиналето, во кое противник може да биде некој од триото Никобинг, Крим или Митјиланд, но истото може да биде и обезбедено ако Мец загуби кај Ференцварош.