Со 105 милиони долари заработени во оваа година, американската R & B пејачка Бијонсе обезбеди прво место на листата на овогодинешни Форбс од 100 најплатените музичари на глобално ниво.

На прво место се најде благодарение на успехот на нејзиниот албумот „Лимонада“ и исклучително успешната светска турнеја, напиша Форбс.

Во исто време, таа е сопственик на модната линија Ivy Park и уште неколку успешни бизниси.

На второ место е британската пејачка Адел со заработка од 69 милиони долари, а на трето место е Тејлор Свифт со 44 милиони долари. Четвртото место и припадна на канадската музичка ѕвезда Селин Дион, која заработи 42 милиони долари.

Оставете коментар