Да се најде нов и ефикасен производ за убавина е исто како да сте нашле нов пријател, но ако најдете нешто што можете да го користите за речиси сè е како да сте го пронашле Светиот грал. Кокосовото масло во последно време станува сè попопуларно, и може да се најде на сè повеќе места. За што може да се користи?
Прочитајте колку примени има кокосовото масло.

Нега на врвовите на косата
За оние девојки и жени кои имаат нормална или цврста коса, нанесувањето на кокосово масло е одлично решение за навлажнување на кожата и спречување на појавата на распукани врвови.
Кокосовото масло можете да го користите и како интензивен регенератор за сува и оштетена коса. Нанесете го маслото од врвот на косата кон краевите, а потоа исплакнете како и вообичаено.
Балсам за усни
Нанесете малку кокосово масло на усните пред спиење и оставете го да делува во текот на ноќта. Поради навлажнувачките својства на кокосовото масло, наутро ќе имате свежи и привлечни усни.
Остранување на шминка
Не можете да ги извадите последните траги од маскарата? Употребете малку кокосово масло, само внимавајте да не дојде во директен контакт со очите.


Третман против акни
Нанесете кокосово масло на акните и оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете и не нанесувајте други средства. Антибактериските состојки на маслото ќе ви помогнат во борбата со акните.
Масажа
Кокосовото масло е одлично за масажа бидејќи не се впива толку лесно и ви дава повеќе време за „игра“.
Изгореници од сонце
Кокосовото масло може да се користи како природен крем за сончање, но исто така може да се користи за намалување на штетите од изгореници од сонцето.

SHARE