„Блумберг“: Растат десниот екстремизам и популизам во Грција

„Грчкиот политички систем сега е во состојба на целосна војна“, вели Муџаба Рахман, главен извршен директор на групата Евроазија во Лондон, кој изразува загриженост за „политичката стабилност, особено на среден рок, ако изборите следната година не го затворат циклусот на политичка нестабилност“, пренесува „Блумберг“ во опширен напис за политичките случувања во Грција по корупцискиот скандал кој  дополнително ги конфронтираше власта и опозицијата

Никос Маранцидис, професор по политички науки на Универзитет „Македонија“ во Солун, вели дека „тешко е да се процени политичкото влијание на случајот (Новартис)”, но тој смета дека скандалот ќе го зајакне разочарувањето на јавноста од политичкиот систем во земјата, што резултира со засилување на екстремно десните и популистичките партии.

Годините на штедење направија многу Грци да се чувствуваат посиромашни. И додека малкумина очекуваат дека може се вратат добрите денови пред земјата да експлодира во 2010 година, многумина се скептични бидејќи економијата падна за 20 отсто

Еден на секој пет работоспособни во Грција не можат да најдат работа, а повеќето од нив бараат работа најмалку една година.

Грција ги има сите елементи што би можеле да доведат до пораст на екстремно десните движења: економска криза, чувство на национално понижување во контекст на неговото спасување (од страна на ЕУ-н.з.), недостаток на верба во државните институции, миграциски текови и чувство на несигурност.

Програмата за „спасување“ од должничката криза истекува во август годинава, но како што се приближуваат изборите закажани за 2019 година, политичката игра веројатно ќе се покаже опасна.