Бобев: Заблуда е дека ќе има брзо решение за името на Македонија

Пранешниот бугарски дипломат и актуелен член на Институтот за балкански студии при Бугарската академија на науките (БАН), д-р Боби Бобев, не е убеден во брза разрешница на грчко-македонскиот спор околу името.

„Се надевам дека ќе се постигне одреден напредок, но во заблуда се оние кои веруваат дека тоа ќе биде брзо и спорот да се реши секавично (брзо)“, изјави Бобев во гостувањето на една телевизија.

Според него, патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е  релативно идентичен со оној на Бугарија и Романија од пред неколку години, како и земјите од поранешниот Источен блок воопшто.

Сепак, тој смета дека има некои специфични пречки, како што е спорот за името на Македонија.

„Тоа е најстариот проблем кој трае веќе 25 години. Тој ѝ попречи Македонија да влезе во НАТО заедно со Албанија и Хрватска, спречувајќи го и нејзиниот пат кон ЕУ“.

Постои и голем проблем меѓу Приштина и Белград, вели Бобев кој беше бугарски амбасадор во Албанија и во Косово.

SHARE