Ирскиот музичар и активист во борба против сиромаштијата во светот Боб Гелдоф ја врати наградата од неговиот роден град „Слобода на Даблин“ и рече дека тој не може да го прифати фактот дека оваа награда му беше доделена на лидерот на Мјанмар, Аунг Сан Су Кји.

Повеќе од 600.000 муслимани од провинцијата Рајкине во држава Мјанмар избегаа во бегалските кампови во Бангладеш по воените операции. ОН ги опиша овие операции како етничко чистење на Мјанмар.

Состојбата на муслиманскиот народ во Рајкине предизвика бес низ целиот свет и е на повидок одземање на Нобеловата награда за мир на Аунг Сан Су Кји кој до неа дојде во 1991 година, бидејќи е обвинета за воената акција во Мјанмар.

„Многу сум горд на Даблин, но не можам да останам индиферентен кога наградата сè уште ја има Аунг Сан Су Кји“, рече Гелдоф во изјавата.

„На кратко, не сакам на било кој начин да бидам поврзан со некој што во моментов е вклучен во масовно етничко чистење“, додаде тој.

Су Кји претходно беше наградена за активиности за борба за човекови права. Таа беше во домашен притвор кога ја доби наградата од Даблин во 1999 година, која јавно ја прими во Ирска во 2012 година, две години по нејзиното пуштање на слобода.

Минатиот месец слична награда и беше доделена и од нејзиниот британски универзитет Оксфорд, каде што студирала.
Другите странски добитници на „Слобода на Даблин“, се Џон Ф. Кенеди, Нелсон Мандела и Михаил Горбачов, а првата награда е доделена уште во 1876 година,.
На Гелдоф наградата му беше доделена во 2005 година, како признание за неговата хуманитарна работа вклучувајќи и организирање на концертот „Live Aid“ во 1985 година, кој според проценките привлече 1,5 милијарди луѓе, за да им се помогне на гладните и болните во Етиопија.

Оставете коментар