По фантастична сезона со Фенербахче во која турскиот тим ја освои Евролигата, титулата и Купот на Турција, српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ, според локалниот весник “SacramentoBee” постигнал договор со Кингси и се очекува тој да биде потпишан на 6 јули. Според истиот извор, тригодишниот договор за 27. пик избран од страна на Феникс Санс на НБА драфтот во 2014. година ќе изнесува 36 милиони долари.

Поранешниот играч на Партизан нема обврска да игра во летната лига и останува со неговата селекција за настап на Европското првенство. Во Сакраменто сметаат дека тој ќе биде големо засилување за клубот чиј потпретседател е Владе Дивац особено што во Евролигата имаше 14,6 поени по натпревар и тоа со преку 50 проценти шут од игра.

SHARE