Борисов им даде „домашна“ на балканските колеги

Loading...

„Секој да си напише домашна до четврток, кога имаме средба со претседателот на ЕК и да ѝ покажеме на Европа дека сме одлични ученици“, им рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на своите колеги од земјите од Западен Балкан.

Борисов и шефицата на Европската банка за обнова и развој(ЕБРД), Сума Чакрабарти го отворија Инвестицискиот форум за Западен Балканво Лондон на која се расправа за развојот на инфраструктурата на овој регион.

На конференцијата учествуваат лидерите од сите земји од регионот – премиерот на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Душко Марковиќ, на Албанија, Еди Рама, на Република Македонија, Зоран Заев, на Косово, Рамуш Харадинај и на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

„Мора да има јасна перспектива за земјите од Западен Балкан. ЕБРД останува главен инвеститор во регионот. Ние сме биле пријатели многу години во регионот“, рече Сума Чакрабарти. „Помагаме за завршување на Коридорот 10 и 8. Работиме и на проект за железничка инфраструктура која ги поврзува Бугарија и Македонија“, рече Сума Чакрабарти.

„На политичко ниво веќе имаме успех… но, ако сакаме регионот да напредува, треба да ја изградиме инфраструктура“, рече бугарскиот премиер..

„Да покажеме веќе конкретно и да објавиме кој што ќе финансира во инфраструктурата. Секоја од земјите има свои приоритети, затоа е убаво до четврток кога е средбата со претседателот на ЕК Јункер тие да бидат поставени“, рече Бојко Борисов.