„Ербасот“ на бугарската влада по наредба на премиерот Бојко Борисов,попладне ќе полета на вонреден лет до аеродромот во Темишвар, каде се наоѓаат 113 бугарски државјани кои поради лошите временски услови морале да слетаат во тој романски град.

Патниците од вчера вечерта се блокирани на аеродромот во Темишвар, откако авион на нискотарифниот авиопревозник „Рајан ер” бил пренасочен од маршрутата Лондон-Пловдив кон аеродромот во Темишвар.

Во моментов, 62 граѓани со два автобуса патуваат кон Софија и се веќе на бугарска територија.

Но, 90 лица се наоѓаат уште на аеродромот во Темишвар, а други 23 лица – мајки со деца, се сместени во хотели во околината.

Бидејќи авионот може да превезува 93 патници, предност ќе имаат семејствата со мали деца, постарите лица и оние кои имаат потреба од лекување, одека за другите ќе биде обезбеден друг транспорт, јавуваат бугарски медиуми.

Само за споредба, на 8-ми февруари Владиниот група од 50 македонски државјани беа принудени да останат во Париз и да спијат во спортска сала, откако имаа проблеми со летот на компанијата „Визер“.

Тие беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат.