Борисов ќе ги чести пензионерите по 20 евра за Велигден

Loading...

Над 1.2 милиони најсиромашни пензионери со пензии под границата на сиромаштија ќе добијат по 40 лева (20 евра) додаток за Велигден, одлучи денеска бугарската влада.

„Кога доаѓаат Божиќ и Велигден, преку 1,2 милиони пензионери очекуваат дополнителен бонус на пензиите. Затоа и сега ќе одвоиме околу 50 милиони лева повеќе за да земат по 40 лева“, објасни премиерот Бојко Борисов.

Додаток на априлските пензии од 40 лева ќе добијат 56,5 отсто од пензионерите во Бугарија чии пензии се под границата на сиромаштија во Бугарија.

Границата на сиромаштија за оваа година е 321 лева (160 евра) а со мерката за Велигден ќе се почестат 1.227.000 пензионери.

Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година.