Познатиот тенисер Борис Бекер (49) во последниов период се соочува со финансиски проблеми и банкрот, но нему сега му се најавен и љубовен бродолом. Имено, неговата сопруга Лили (41) планира да поднесе документите за развод.

Извори блиски до познатата двојка тврдат дека оваа ситуација нема никаква врска со банкротот, но дека поранешниот вимблдоснки победник и неговата сопруга подолго време имаат брачни проблеми.

“Не сакам да коментирам за неговиот личен живот”, вели портпаролот на Бекер кој се извини и рече дека савниот тенисер не сака да разговара со новинарите.

Тенисерот е во брак со Лили од 2009. година, а заедно тие го имаат синот, Амадеус Бенедикт (7). Пред тоа, тој беше во брак со дизајнерката Барбара (50) со која ги има синовите, Илија (23) и Ноа (27).