Бразилецот Фелипе од Вардар во Кајрат од Казахстан

Најдобриот фудбалер на Вардар во последните две сезони, Бразилецот Жуан Фелипе Алвеш Рибеиро, од денеска е нов член на казахстанскиот прволигаш Кајрат од главниот град Алмати, чиј тренер е славниот руски ексфудбалер Андреј Аршавин.

Стрелецот на историскиот прв гол на македонскиот шампион во групната фаза од Лига Европа против Розенборг на гости потпиша едногодишен договор за месечна плата од 30.000 евра, двојно повисока отколку во Вардар.

Откога во летото 2015 година ги засили „црвено-црните“ од редовите на ЦСКА Софија, 30-годишниот офанзивен играч за врска постигна 28 гола на 112 одиграни натпревари во сите конкуренции.