Брат на мафијаш претепа италијански новинар пред камера (ВИДЕО)

Римското обвинителство отвори истрага откако брат на еден локален мафијаш физички нападна новинар на РАИ за време на разговор пред камера.

По прашањето за пријателство со локален претставник на неофашистичкото движење, Роберт Спада ненадејно го удри новинарот со глава, му го го скрши носот и продолжи да го удри со палка.

“Тој ме удри, бидејќи му поставував прашања”, изјави новинарот Даниел Первензенсени.

Спада потоа се извини на Фејсбук.

Нему му се заканува казна од три години затвор поради физички повреди, но Спада не е уапсен, бидејќи апсење се врши само во случај доколку лекар одреди најмалку 20 дена боледување за телесните повреди.

https://youtu.be/pRqLpVA6d0s

Оставете коментар