Бред Пит ги виде своите деца во Лондон

Холивудскиот актер, Бред Пит кој е на одмор во Европа поточно во Лондон, побара од поранешата сопруга да му овозможи да се види нивните шест деца. Анџелина Џоли (42) му дозволено на Бред Пит (53) да се сретне со нив.

“По разводот од Анџелина Џоли , Бред Пит често го гледааат со колешката Сиена Милер (35), па можно е актерот повторно да е вљубен” неговите пријатели велат дека е повторно среќен и расположен.

Иако Анџелина првично во судот бараше целосно старателство, во последно време почесто зборува со Пит и двајцата заклучија дека тие и нивниот меѓусебен однос се многу важни во одгледувањето на децата. Тие се согласија дека нема да се навредуваат лично, а ниту преку медиумите, бидејќи не сакаат нивните деца да растат со такви негативни реакции.

SHARE