Неколкумесечните гласините дека Сиена и Бред многу се зближиле во текот на снимањето на “Изгубениот град на З” во кој Милер игра, а Пит продуцира, добија на вистинитост кога актерите биле видени на Гластонбери музичкиот фестивал во Англија.

“Ги забележав дека се бакнуваат во делот за ВИП гости”, вели изворот.

Тој вели дека 53. годишниот Бред Пит бил отворено присен со 18 години помладата Сиена Милер иако во нивно друштво биле и Бредли Купер, Џони Деп и Ноел Галагер.

“Во три часот наутро заминаа во ексклузивниот дел во приватната забава. Тој постојано ја бакнуваше”, дополнува изворот.

При крајот на забавата, двојката се повлекла во приватната камп куќичка.

Сиена Милер е една од ѕвездите на “Изгубениот град на З”, кој е продуциран од продуцентската куќа Бред “план Б”.

SHARE