Брисел бара бесплатна струја за 70 илјади македонски семејства

Социјалните случаи треба да добијат поефтина електрична енергија побарала од владата во Скопје Европската енергетска заедница, јавуваат грчките медиуми.
Европската енергетска заедница на владата во Скопје и препорачува да започне со намалување на сметките за струја на луѓето во тешка економска состојба , се вели во информацијата на „Независната балканска информативна агенција“ која пишува дека според макеоднскиот устав мерката не може да трае подолго од 2 години и треба да биде финансиски покриена од државниот буџет.
Јанез Копач од секретаријатот на Европската енергетска заедница тврди дека разговорите на оваа тема треба да бидат зпочнати наскоро а идејата е мерката да биде наменета само за социјалните случаи. Владата во Скопје најавила дека ќе ја разгледа оваа сугестија, се вели во информацијата.
Според македонскиот Завод за статистика во земјата има околу 70 илјади домаќинства кои што се квалификуваат за ваков вид помош од државата.