Европската комисија ја поддржува идејата објавена неодамна во Франција да се забрани пушењето на филм, со цел да се намали промоцијата на цигарите.

„Европската комисија ги поздравува сите мерки во земјите на ЕУ се со цел да се направи пушење помалку гламурозно и да придонесе за намалување на бројот на корисници на тутун, особено меѓу младите луѓе“, изјави портпаролката на Европската комисија Анка Падурару.

Францускиот министер за здравство Агнес Бизен минатата недела, за време на дискусијата во Сенатот – горниот дом на францускиот парламент, зборуваше за зголемување на цената на цигарите, и изрази подготвеност да се преземат решителни мерки против пушењето, па и забрана за цигари во француски филмови.

Претходно, сенаторот на Социјалистите Надин Грела Сертене ги критикуваше француските режисери тврдејќи дека го промовираат тутунот.

„Во 70% од новите француски филмови има најмалку една сцена каде што некој пуши. Тоа повеќе или помалку помага да се промовираат цигарите, па дури и кај децата и адолесцентите“ изјави Грела Сертене.

Оставете коментар