Список на најопасни земји во кој може да се случи терористички напад во текот на 2018 година изготви британскиот весник „Експрес“ врз основа на податоци од британската Канцеларија за надворешни работи и комонвелт.

Заканата од тероризам низ Европа и годинава е различна во секоја земја и се движи од „многу веројатно“ до „не може да се отфрли“ таква опасност.

Земји во кои постои голема веројатност да се случи терористички напад се Белгија, Франција, Германија, Македонија, Русија, Турција и Велика Британија.

Ризикот од „веројатен“ терористички напад, исто така, е зголемен во Австрија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Данска, Италија, Казахстан, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Украина.

Најбезбедни земји, според „Експрес“, во кои сепак не може до крај да се отфрли терористичка опасност се Албанија, Андора, Ерменија, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Исланд Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Србија, Словачка и Словенија.

Земјите од оваа листа може да се сметаат за безбеден избор за посета и за летен одмор за британските граѓани, препорачува британски „Експрес“.