Освојувачот на сребро од Рио де Жанеиро во 2016. година со машката штафета на Велика Британија, Дан Валас е исклучен од сите национални програми, откако призна дека е возел во пијана состојба. Во специјална порака од Британската пливачка федерација беше потврдена казната за 24. годишниот спортист која е на сила до 12. септември оваа година. Со тоа Шкотланѓанецот нема да може да учествува на Светското првенство во Будимпешта следниот месец, но затоа ќе мора да се појави во судот.

“Бев фатен под дејство на алкохол. Себе, семејството и колегите ги ставив во ризик и жалам за своите постапки “, напиша потоа пливачот.

Валас покрај олимпиското сребро има и златен медал со штафетата на Велика Британија, 4 x 200 слободно од Светското првенство во Казањ пред две години.

SHARE