Бугарите навиваат за Димитар Димитров во заедничката комисија

Бугарските медиуми ја продолжија лицитацијата со (не)пожелни членови од македонска страна во заедничката комисија за историски и образовни прашања, сега предложувајќи го поранешниот министер и ексамбасадор Димитар Димитров.

„Ако министерот за надворешни работи Никола Димитров не се плаши дека може да биде обвинет за непотизам, би му предложил да го вклучи во составот татка си – проф. Димитар Димитров. Професорот ги познава нештата, добронамерен е, има и политичко и образовно искуство, во еден период беше министер за култура, сериозен маж, а бе го има насекаде“, пишува авторот на коментарот во денешниот број на весникот „Труд“.

Тој има и личен предлог – пензионираниот новинар Симеон Симев, кој, според него, „знае повеќе за вистината за заедничката историја на Бугарија и на Македонија од некои ‘вистински’ академици од МАНУ“.

Меѓу непожелните во комисијата во коментарот на „Труд“ се наведуваат историчарите Иван Катарџиев, Блаже Ристовски и Тодор Чепреганов. Последните двајца како такви беа оквалификувани и во блогот на Бугарска национална телевизија (БНТ) пред неколку дена.

Оставете коментар