Бугарија е далеку поголема воена сила од Македонија (видео)

Во периодот кога Македонија и Бугарија ги имаат своите ѕвездени моменти на пријателство, кога по посетата на премиерот Заев на Софија е најавено потпишување на договорот за добрососедство и признавање на македонската нација и јазик  на социјалните мрежи исклучително актуелно е едно видео кое што не говори за пријателство.

Видеото во кое што се споредуваат армиите на двете соседни држави е објавено во месец мај но деновиве  често може да се види како го промовираат бугарските профили на социјалните мрежи.

Направено е од бугарскиот проект „Visit Bulgarija today” (Посети ја Бугарија денеска) кој што е финансиран од бугарски државни институции.

Како и да е видеото не испраќа вистинска порака за пријателство туку напротив дека Бугарија е моќна воена сила која што лесно може да се справи со Македонија која што во ниту еден момент не најавила никакви непријателски или не дај боже територијални претензии.

Иако сосема непотребно во ситуацијата во видеото можете да видите колку воено е посилен од Македонија нашиот источен сосед.

1 Коментар

Comments are closed.