Loading...

„Ги поздравуваме сите жртви и угнетените наши браќа во Сараево, Скопје, Ксанти, Комотини, Карџали и Мостар… Секој пат велам,  овие градови се физички лоцирани во границите на други земји, но тие се дел од нашите духовни граници“ изјавил турскиот претседател обраќајки се на Турците од Бугарија кои сега живеат во Турција.

Тој се обрати на, како што рекол, „моите браќа во Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Македонија, Србија, Западна Тракија, Крим, Бугарија и Романија.

„Нашата душа исто така може да биде доста широка“, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева за БНТ. Бугарското Министерство за надворешни работи реагираше денеска на изјавата на турскиот претседател, кој рече дека бугарскиот град Карџали се наоѓа „во духовните граници на Турција“.

Бугарското Министерство за надворешни работи во својата реакција вели:

„По повод коментарот на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој се однесува на Карџали, Министерството за надворешни работи на Република Бугарија забележува:

Секоја земја со богата и долга историја може да тврди дека нејзините духовни и културни граници одат подалеку од физичките.

Всушност, денешните државни граници се воспоставени со меѓународни договори, признаени од сите држави и не подлежат на сомневање или ревизија. Бугарија и Република Турција, кои уживаат одлични билатерални односи, не се исклучок од овие договори“.

Турската носталгија за Отоманската империја се гледа од страна на експерти како план за територијално проширување доколку земјата загуби територии како резултат на многу веројатно создавање на курдска држава. Ваквото сценарио, без сомнение, е многу експлозивно.

Изјавата на Ердоган ги минира напорите на бугарскиот премиер Бојко Борисов да биде домаќин на лидерската средба помеѓу Ердоган и претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, во Варна, на 26 Март.