Eвропскиот суд за човекови права ѝ нареди на Бугарија да плати 33.220 евра отштета во случаите покренати од страна на Обединета македонска организација „Илинден“ и други, поради одбивањето за регистрацијата на ОМО и поради забраната на собири на оваа организација.

ЕСЧП ги објави своите наоди во случаите на ОМО „Илинден“, Јордан Иванов и други, и Кирил Иванов против Бугарија, на 11 јануари 2018 година.

Во првите два случаи, станува збор за поплаки во врска со одбивањето на бугарските власти да дозволат регистрација на здружението „Обединета македонска организација Илинден“, во пресудите од 2014-16 и 2012-13.

Третата жалба се однесува на забраната на собири во септември 2006 и во септември 2007 година поднесена од лицата поврзани со таа група.

Седиштето на ОМО „Илинден“, се наоѓа во југозападна Бугарија во областа позната како Пирин. Организацијата има за цел признавање на македонското малцинство во Бугарија како и право да организираат комеморативни настани на различни локации во регионот.

 

Оставете коментар