Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик

Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик, вели министерот за надворешни, Никола Димитров кој неделава беше дел од македонската делегација што ја посети Софија.

Шефот на македонската дипломатија смета дека Договорот за добрососедство е составен врз основа на Декларацијата потпишана меѓу Скопје и Софија во 1999 година, во која се наведува македонскиот јазик.

Новиот договор, според него, ќе значи унапредување на документот. Димитров е оптимист дека ќе се најде и решение за проблемот со малцинствата во двете земји. 

Димитров не открива повеќе детали од Договорот со Бугарија кој според Борисов и претседателот Радев е еден од условите за продолжување на процесот за евро-интегрирање на Македонија.

Денеска наутро и бугарската министерска за надворешни работи Екатерина Захариева најави дека Софија не го спори македонскиот идентитет.

Читај тука за изјавата на Захариева

 

SHARE