Бугарија ќе увезува работна сила од Македонија

Македонија е меѓу земјите од каде што бугарските компании во иднина полесно ќе увезуваат сезонски работници.

На својата последна седница бугарската влада го прифатила предлог законот со кој работници кои што во земјата работат во период од 90 дена да им се издаваат дозволи во рок од 7 дена.

Покрај Македонија официјална Софија планира сезонски работници да пристигнат од Ерменија, Молдавија и Украина.

Во текот на летото само од Украина и Бесарабија во бугарскиот туризам ќе работат над 6000 луѓе.

Голем дел од бугарските компании се подготвени да примат работници од таканаречените „историски заедници“ во Молдавија, Србија и Македонија, пишуваат бугарските медиуми.

Промените во законот го олеснува вработувањето во земјата ако работниците имаат пасоши издадени од бугарските власти.

SHARE