Бугарска полиција посетила граѓани кои „се заканувале“ на „Фејсбук“ (ВИДЕО)

Loading...

Бугарски државјани се пожалиле, шеговито, но и огорчено дека биле посетени од полицијата во врска со нивни постови на социјалните мрежи.

Четворица биле посетени во нивните домови со цел да потпишат дека нема да постираат закани или навреди адресирани до рускиот патријарх Кирил, кој од вчера е во посета на Софија по повод 140 години од ослободувањето на Бугарија, пишуваат бугарски медиуми.

Во видео поставено на „Фејсбук“ од граѓанинот Иво Досев се гледаат тројца полицајци во неговиот дом, кои му објаснуваат дека посетата е резултат на добиените „сигнали“ дека тој испратил закани поврзани со посетата на патријархот Кирил.

Сигналот да се интервенира бил добиен од главната Дирекција за борба против организираниот криминал (ГДБОП) и од Националната противпожарна служба (НСИ).

Додека домаќинот се обидува да разбере што се случува и дали навистина е сериозна посетата на тројцата униформирани, еден од нив застанува со грбот пред камерата, за да ја намали видливоста.

Теодор Спасов, другиот од четворицата, објаснува дека повод да го посетат бил неговиот инкриминиран пост на Фејбук-профилот од 1 март:

„Го гледам интервјуто на московскиот патријарх Кирил … Ретко одвратна работа. Како па не кажа една вистина?!?! ”