Бугарска пратеничка бара отштета за наследниците на егејските бегалци

Евгенија Ангелова, пратеничка во Народно собрание на Бугарија, се залага наследниците на бегалците од Егејска Македонија и од делот на Тракија што денес е во состав на Грција да добијат отштета од државата.

„Голем проблем, особено во нашиот регион (пратеничката е од Хасково – н.з.), е исплатата на штети на наследниците на бегалците од Беломорска Тракија и од Егејска Македонија, денес територија на Грција. Уште во текот на минатиот мандат доставив писмено прашање до Министерство за финансии во врска со оваа тема. Се разбира, сè е до средствата, но не сум се откажала и сега имам намера да продолжам да барам прифатлива опција за наследниците“, изјави пратеничката на владеачката партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов за информативната агенција „Сакар њуз“.

 

Оставете коментар