„Тој не е слезе од небесата, не слезе од рајот и не е претставник на Господ Бог и на Исус Христос. Патријархот Кирил е познат како „митрополит на цигарите’ на Русија“ , изјави бугарскиот вицепремиер Валери Симеонов, кој деновиве престојуваше во Бугарија на просалвата на 140 годишнината на ослободувањето од Отоманското царство.

Притоа рускиот патријарх го искритикува бугарскиот претседател дека изнесува неточни податоци за тоа кој помогнал и кој ја ослободил Бугарија.

Симеонов, не избира зборови да го навреди рускиот патријарх пренесуваат бугарски медиуми и изјавил дека „од 1996 година Патријархот Кирил заработил 14 милијарди долари од увоз на цигари без царина. Тој итрец трец за потребите на црквата увезол и вино во вредност од 4 милијарди долари без да плати акцизи…Тој има приватен авион, вила во Швајцарија, часовникот му чини 30 илјади. И тој бесрамно го подучува бугарскиот претседател“.

Симеонов уште додал како би било „нашиот Неофит (бугарскиот патријарх) да отиде во Русија, да застане Спроти Путин, да почне да му влече појасот и да каже: Ало, ти од каде си паднал, бе? Зарем не ги знаеш Кирил и Методиј и кои се тие? Што ќе се случи со него…Византијци ли се Кирил и Методиј, како неписмено тврдеше Путин“.

Претставници на бугарските партии „Атака“ и “ВМРО“ побараа вицепремиерот да се извини на Патријархот Кирил за навредите и недоличниот јазик.

SHARE