Бивш бугарски амбасадор: Договорот со Македонија е историски неуспех!

Loading...

Велизар Енчев, амбасадор на Бугарија во Загреб од 1997 до 2002 година, смета дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија, кој пред неколку дена го ратификуваа парламентите на двете земји, е „историски неуспех“.

„Договорот за добрососедство беше напишан и изгласан под диктат на НАТО. Со него ние го признаваме македонскиот јазик, јазик напишан на српска машина за пишување. Целта на Договорот е да се заобиколи Србија и да се изолира Русија од Балканот“, го цитира бугарскиот портал „Фрогњуз“ поранешниот десничарски пратеник и ексразузнавач, универзитетски професор и новинар.