Бугарски пратеник набркан поради критики за договорот со Македонија

Бугарското национално собрание гласаше вчера за отстранување на пратеникот на Социјалистичка партија, Валери Жабљанов, од местото заменик-претседател на Парламентот.

Жабљанов, како што пренесуваат медиумите, давал контроверзни изјави за комунистичкиот „Народен суд“ по Втората светска војна, но „на душа“ му ставаат и неколку други „гревови“.

Меѓу другото, му замерија дека на 18 јануари го критикувал Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.

Предлогот за негова смена беше поднесен од централно-десничарската партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

Што се однесува до „народниот суд“ воведен по Втората светска војна, Жабљанов рекол дека тој бил „неопходна правда“.

Медиуми потсетуваат дека по завршувањето на војната Народниот суд на смртна казна осудил 2.600 лица, а илјадници испратил на долгогогодишна затворска казна.

Од БСП, партијата на Жабљанов, најавија жалба до Уставниот суд на Бугарија.

 

SHARE