Бутарис во клинч поради Македонија, ќе држи прес конференција

Изјавата на солунскиот градоначалник Јанис Битарис за тоа дека треба да се размисли за промена на имињата на аеродромот и автобуската станица во Солун, кои го носат името „Македонија“, предизвика гневни реакции во Грција.

– Предлогот на Бутарис е негов предлог, мислам дека не влегува во плановите на грчката Влада и сметам дека не е предлог што во овој момент би можел да се разгледа, изјави за телевизијата Скај заменик министерот за поморство Нектариос Санторињос.

„Градоначалникот да ги остави дипломатијата и преговорите на дипломатите и да се занимава со неговите надлежности, на пример, со чистење и собирање на ѓубрето во неговиот град“, на Твитер реагираше одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија.
Членот на опозициската група во општинскиот совет на град Солун, Ставрос Калафатис, побара Бутарис да си поднесе оставка.

Од меѓуградската автобуска станица во Солун, што се вика „Македонија“, за солунскиот информативен портал Thestival, велат дека немаат никаква намера, ниту размислуваат за промена на името.

-Немаме таква намера и не знам зошто би се сменило името на станицата. Станицата е приватна и воопшто не разговараме за такво нешто, рекол Јанис Ламбру, претседател на меѓународната автобуска станица во Солун.
По жестоката критика од грчката јавност Бутарис свика вонредна прес конференција за да објасни што точно мислел.

Comments are closed.