Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, смета дека треба да се разгледа можноста за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“.

Идејата ја соопштил на синоќешната седница на Градскиот совет на Солун, што предизвика шок во Грција, а утрово ја дообјасни својата идеја на „Скај“.

„Не реков дека треба да го смениме името, реков дека веќе имаме проблем, бидејќи странци кои го идентификуваат Скопје со Македонија, кога го слушаат пилотот мислат дека пристигнаат во Македонија…“

Тој рече дека во случај на одлука за промена на името, тој ќе предложи да биде преименуван во „Никос Галис“, прославениот кошаркар кој е меѓународно признат, пренесува „Прото тема“.

Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“, според него „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме, рекол Бутарис во изјава за „Скај“.